Home > News and Events > ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТ СРЕДСТВА ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ НА РОМСКО НАСЕЛЕНИЕ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНИТЕ: ГОСТИВАР, КИЧЕВО И ДЕБАР

ЗА ПРОЕКТОТ

Во соработка со 10 локални партнерски организации, CARE спроведува проект финансиран од германската влада за борба и намалување на негативните ефекти од пандемијата COVID-19 врз маргинализираните заедници на Западен Балкан. Проектот ќе помогне во ублажување на ризиците меѓу маргинализираните заедници и решавање на последиците од пандемијата COVID-19 преку испорака на хигиенски пакети и обезбедување на опстанок и економска помош на најранливите групи и лица. Покрај тоа, проектот ќе спроведе информативна кампања за подигнување на свеста за ризиците и спречување на вирусот COVID-19 и обезбедување информации за постојната помош и ресурси. Проектот се спроведува во соработка со десет партнерски организации во Босна и Херцеговина (4), Србија (3), Косово (1), Црна Гора (1), Северна Македонија (1).

УПАТСТВА И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК

Предмет на јавен повик
Предмет на овој јавен повик е доделување на вкупно 15 пакети неповратна помош во стоки и материјали за започнување, развој и подобрување на активноста на приходот во земјоделски, занаетчиски и други дејности, во максимален износ од 500 евра (петстотини евра) по семејно домаќинство.
ХДЗР Месечина, Гостивар, го задржува правото за бројот на распределба на пакетите неповратна помош

Прифатливи трошоци
Средствата од овој јавен повик можат да се користат само за финансирање на следните трошоци:

  • Поддршка во на земјоделството за обработка (подигнување и опремување на мини живинарски фарми, набавка на кокошки носилки) набавка на репроматеријал во земјоделството (саден материјал, фолии за стаклени градини, хранилки, системи за наводнување, храна за животни/живинаи слично)
  • Пакет за поддршка при набавка на основни средства и опрема за работа за самовработување (набавка на мали машини, опрема, алатки и суровини за занаетчиски и економски активности)

Кој може да се пријави?
Невработените припадници на ромското население од територијата на општините Гостивар, Кичево и Дебар, кои поседуваат сопствено земјиште, зграда или земјиште, зграда на користење, кои се наоѓаат во евиденцијата на Заводот за вработување, корисници на Центарот за социјална помош, жените кои немаат други извори на приход, лицата со попреченост, имаат можност да учествуваат на овој јавен повик,а сите пријавени треба да бидат жители или регистрирани на територијата на целната општина од овој повик.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И СПИСОК НА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисниците се пријавуваат на јавниот повик со доставување на уредно пополнет образец за пријавување. Образецот можете да го преземете во просториите на:

  • Гостивар – Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите (ХДЗР) Месечина, Гостивар, на аддреса Браќа Ѓиноски бр. 61 (третиот влез на Општинската зграда), лице за контакт Иса Емини 075/693 – 696 ;
  • Кичево – во просториите на Инfiniti kaffe на улица Маршал Тито 407 во Кичево, лице за контакт Муамед Алоски 070/ 998 – 707
  • Дебар – Сите заинтересирани за помош во економско зајакнување на мали и среден бизнис, лице за контакт Иса Емини 075/693 – 696 ;

Или може да ги превземете од веб страната на ХДЗР Месечина, Гостивар, и / или од ФБ страната на ХДЗР Месечина, Гостивар.

(ХДЗР) Месечина, Гостивар ќе организира информативни состаноци на кои на заинтересираните корисници ќе им бидат дадени сите информации и упатства за пријавување на јавен повик. Информативни состанок за тоа како да го пополните образецот ќе се одржи на:

  • Гостивар 26.10.2020 во15:00 часот во просториите на (ХДЗР) Месечина, Гостивар
  • Кичево 27.10.2020 во 15:00 часот во просториите на Ин кафе – Кичево (Бела Кула – Кичево)
  • Дебар заинтересирани, да се обратат на лицето Иса Емини на тел: 075/693 – 696, согласно заинтересираноста (доколку има повеќе од 1 (еден) ХДЗР Месечина, Гостивар, ќе одржи информативна сесија, ХДЗР Месечина Гостивар, зема обврска поединчено да го извести секој заинтересиран за место, датум и време на настанот најдоцна до 28.10.2020

Доколку се укаже потреба за организирање и преставување на овој пакет, повеќе од еднаш ХДЗР Месечина, Гостивар, ќе организира и спроведе информативни сесии.

ХДЗР Месечина Гостивар, ќе спроведе свој протокол за заштита и ве молим да се придржувате кон епидемиолошките мерки и донесете маска и користете средство за дезинфекција што ќе биде на влезот во просторијата каде ќе се одржува настанот

Потребна документација за корисниците што треба да бидат избрани за финансирање:

Избраните корисници ќе бидат должни да ја достават следната документација до ХДЗР Месечина Гостивар, не подоцна од 06.11.2020 год.

Документите мора да бидат доставени навремено со цел да вашето домаќинство го добие бараниот пакет за помош, а во случај на задоцнето доставување на потребната документација, вашата пријава нема да биде поддржана.