Home > News and Events > Повик за волонтерска работа

Почитувани жители на Гостивар, Кичево и Дебар

ХДЗР Месечина, Гостивар е во процес на спроведување на проект насловен како “Борба против ширењето и ублажувањето на најлошите, негативни последици од пандемијата COVID-19 меѓу маргинализираните заедници во Западен Балкан“ финансиран од Германското сојузно министерство за надворешни работи, спроведуван преку CARE Deutschland e.V. во Република Северна Македонија имплементиран преку ХДЗР Месечина, Гостивар.

Меѓу другото, во пакетот на активности, ХДЗР Месечина, Гостивар ќе ангажира 50 волонтери, со цел да им се помага на маргинализираните заедници, како што се и Роми.

Волонтерската работа ќе се спроведува до Декември 2020 год. а за истото волонтерите ќе добиваат вредносен ваучер од вкупно 120 евра, кој ваучер ќе можат да го искористат во еден од избраните маркети во нивните општини.


Повикот за волонтерска работа ќе биде отворен од 15 до 23 Октомври 2020 год. Заради почитување на заштитните мерки од пандемијата COVID – 19, ХДЗР Месечина Гостивар ви нуди, потполнетата Апликација за волонтерство да ја доставите на една од следните начини:

За потенцијалните волонтери за Гостивар:

Електронска пошта: mesecina@mesecina.org.mk; emini.isa@hotmail.com
Пошта на аддреса: ХДЗР Месечина, Гостивар, Ул. Браќа Ѓиноски бр. 63
На Viber, whatsapp: 075 693 696
Лично, во канцеларијата на ХДЗР Месечина, Гостивар: Ул: Браќа Ѓиноски бр. 63

За потенцијалните волонтери за Кичево:

Електронска пошта: mesecina@mesecina.org.mk; emini.isa@hotmail.com
Пошта на аддреса: ХДЗР Месечина, Гостивар, Ул. Браќа Ѓиноски бр. 63
На Viber, whatsapp: 075 693 696 (Емини Иса) или 070 998 707 (Муамед Алоски – Муче)
Лично, во огранокот на ХДЗР Месечина, Кичево: Ул: Маршал Тито бр. 407 (лице за контакт Муамед Алоски – Муче)

За потенцијалните волонтери за Дебар:

Електронска пошта: mesecina@mesecina.org.mk; emini.isa@hotmail.com
Пошта на аддреса: ХДЗР Месечина, Гостивар, Ул. Браќа Ѓиноски бр. 63
На Viber, whatsapp: 075 693 696

Вашите евентуални прашања, појаснувања поврзани со овој повик се дозволени да ги поставите најдоцна до 21 Октомври 2020 год. на mesecina@mesecina.org.mk; emini.isa@hotmail.com или на тел: 075 693 696, лице за контакт Емини Иса.

Избор на волонтерите ќе биде најдоцна до 28 Октомври 2020 год, Известувањето на сите заинтересирани / апликанти, за резултатите од селекцијата, ќе бидат известени најдоцна до 29 Октомври 2020 год. по пат на СМС на бројот, кој ќе биде внесен на вашата апликација.